v
+

86


---

Зошто да спиеш пред небесна врата

1

Зошто да спиеш пред небесна врата,
Зошто да дремеш пред наследството?
Станувај, тргни, о знај не е доцна,
Брзај во пресрет на Спасителот.

2

Зошто се мислиш пред вратите сега,
Близу пред живот е среќниот час!
Станувај, појди, знај те чека слава,
Спасот твој иде, о приготви се!

3

Сега без Христа умираат многу,
Совест ги мачи во тој тежок јад.
Побрзај сега и појди кон Спасот,
Оди, не чекај, пред врата не стој.

4

Гледај во Христа и ќе видиш слава,
Таа се гледа и од далеку.
Господ е близу наследството твое,
Појди при него и срце му дај.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.