v
+

214


---

Да спасиме многу од гревот и јадот

1

Да спасиме многу од гревот и јадот,
Нек' светлост им светне во темниот крај.
Да чујме тој повик од страдните души,
Што молат да чујат за вистината.
Копнеат за неа и нејзина светлост,
Свет чека на весници за мир и надеж,
И мелем за рани, да ублажи јадој,
О појди и носи го Божјиот Збор.

2

Во свое незнање се паднати тие,
Штом чуја за Спасот, подигнаа глас.
Не го знаат патот и викаат кај нас,
Да разберат зборој што водат во спас.
За вистина горат, со гревот се борат,
Да чујат, о сакаат за патот Божји,
Да светлост им засветли во темниот кат,
Нè викаат нас сега да дојдеме.

3

О нек' се разгорат факлите во ноќта,
И храбро низ мракот во секој нов крај.
А бесмртна слава знај Спасот ни спрема,
Штом борба се сврши, ќе даде Тој рај.
За сè што се гради, за стари, за млади,
Знај спремна е радост во вечната слава,
На крајот од трудот кога Бог се јави
И прими ги од сите талантите.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.