v
+

210


---

Наш Исус и Учител нам ни рече

1

Наш Исус и Учител нам ни рече:
Ве праќам вас во жолто поле јас,
А таму уште голем труд ве чека.
На жетва ај, на жетва в овој час,
И скоро ете, јас в небо ќе појдам,
Мојот пат води во небесен дом.
Ве праќам вас и ете, пак ќе дојдам,
Со вас ќе бидам јас во сите дни.

2

Со Христа ај и многу ќе се спасат,
На жетва ај во жолти полиња,
Со Христа ај во славно свето дело,
За венец свој и вечни блаженства.
Иако овде смрт нè сегде плаши,
И ѓаволот е баш на патот наш,
Без страв со Христа ти, о напред појди,
Во вечна слава, во небесен дом.

3

Ти ме викаш, со тебе идам, Спасе,
Да твоја волја с радост исполнам,
И многу од грев кај тебе се вратат
Во Татков мир, да вечно живеат.
И во висини води нè наш Спасе,
Од ова земја во небесен дом,
Пред тебе кај што сите верни стојат
За да ти пеат слава вечито.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.