v
+

211


---

За твојто дело, Спасе наш

1

За твојто дело, Спасе наш,
Ич не се боиме,
А тоа не ќе пропадне,
Со вера стоиме.
И ко што зрно пшенично
Пред да од земја изникне,
Во неа тоа изгние,
И кога сосем пропадне,
Од таа смрт се раѓа живот нов.

2

По тој пат ти си поминал,
Овде на земјава.
По исти пат нè водиш нас
Во царство, во дом твој.
Кога со тебе страдаме,
Дај со тебе да владаме.
Со дело свое води нè,
Низ смртна врата во свој спас,
Во светлост гор',
Низ ноќ во светлост гор'.

3

Од гробот ти, о стана знам,
И сега си ни Спас,
И многу уште оживи,
И сегде стој крај нас.
Ти прати вест во секој крај
И сила своја сегде дај.
За тебе кога одиме, о дај да верни бидеме
Во службата, во делото твое.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.