v
+

209


---

Ве праќам јас

1

Ве праќам јас,
Јас учител и Господ,
Со својта вечна моќ.
Ве праќам јас и сега полномошно
Вам пак ви давам јас.
И сите храбро на труд сега,
На патот грешен в зло и јадој.
Иако сегде прети смртен час,
(:Ве праќам јас!:)

2

Ве праќам јас
И зборој ќе ви дадам
Со силниот мој Дух.
Нек' земјата од вас за мене чуе
Да сум јас вечен Бог.
Во прави час јас збор ќе пратам
Да грешните од гревот вратам,
И да во мене најдат вечен Спас,
(:Ве праќам јас!:)

3

Ве праќам јас,
И еднаш ќе ве викнам
На свој небесен пир,
И за навек ќе живеете тогаш
Во мојто царство мир.
И ко што Христа слава прати,
На небо за вас венец цути.
Овде е бол, а таму вечен спас,
(:Ве праќам јас!:)

© Оваа песна е заштитена со авторско право.