v
+

175


---

Храбро о, ти мало стадо

1

Храбро о ти, мало стадо,
Со тебе е Пастир твој,
Само напред, оди напред,
И во вера цврсто стој.
Слави го Пастирот добар,
Верно навек слушај го,
Татковата волја беше
Да ви даде царство Тој.

Рефрен:

(:Татковата волја беше:)
Да ви даде царство Тој.

2

Чувај се од лажна слава,
Ѓаволот не спие, знај,
Пастирскиот глас го слушај,
Замки има голем број.
Штом се светот смее овде,
Радуј се ти в твојот Спас,
Знај дек' в небото те чека
Цветен венец, блажен час.

3

Ти од патот да не скршнеш,
Слушај го ти Спасот свој,
Сè до крајот верен биди,
Тој е Господ и Бог твој.
Скоро ваму Тој ќе дојде
Да те води в својот дом,
Храбро, храбро, само напред
В небесниот вечен дом.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.