v
+

15


---

Во семирот Господен

1

Во семирот цел, Господен
И сјајни ѕвезди дигат глас,
На сешто Творец сам е Бог,
И Он сè води секој час.
Цел семир гласи ден и ноќ
За Божја слава, вечна моќ,
И секој тивко слуша глас,
Да Бог сè створи, па и нас.

2

Штом сонце зајде, паѓа ноќ,
Засвети красно месец блед,
Во сенка ноќ се јавува,
На сјајни ѕвезди красен ред.
Планетите и ѕвездите,
И метеори безбројни,
На сегде гласат по цел свет,
На Спасот силен славата.

3

Со зборот ѕвезден и наш глас,
Сè слави, Боже, твојта моќ,
И срцето ти даваме,
Што нè ти чуваш ден и ноќ.
За добри дела голем број,
О прими и наш славопој.
И колку ние молиме,
Од тебе појќе примаме.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.