Јас славам она љубов Божја
1
Јас славам она љубов Божја
Што Христос ни ја откри нам,
За љубов с којашто ме спаси
Му давам сега нему сè.
По своја волја нек' ме води
Да правам само што му годи.
2
Ти давам сега срце свое
О Спасе, мое добро сè,
Што ти за мене живот даде
На крстот проли своја крв.
За откуп и спасење мое
Ти давам сега срце свое.
3
О да се слави Јагне Божје,
Тој извор свет на љубовта,
Од него тече жива река
Кон која одат верните.
И таму својот жед го гасат,
Теб' да те вечно слават, Спасе.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...