v
+

82


---

На Голгота сега брзам

1

На Голгота сега брзам,
И под крстот барам спас,
Јас на Спасот ќе му кажам,
Дека имам тежок јад.
Заклон таму јас ќе најдам,
А и толку баран мир,
Зато' брзам на Голгота,
Кај е права среќа, вир.

Рефрен:

Јас под крстот твој, о Спасе,
Добив мир во срцето,
Мирно чекам јас да дојдам
В небесниот дворец твој.

2

Сега јас страв овде немам,
В срце мое надеж е,
Твојот Збор ме води в живот,
И без гревој и без јад.
И со полно срце среќа,
Пеам сè за Спасот мој,
И со песна јас го славам,
Што од грев ме спаси Тој.

3

Кога не знаев за Спасот,
Врзан в страв во тежок час,
Сакав сам јас да се дигнам,
Сакав сам да најдам спас.
Не сум појќе в тежок оков,
В оној длабок, мрачен вир,
В тебе, Боже, најдов среќа,
Слава, па и рајски мир.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.