v
+

81


---

На запад сонце тоне

1

На запад сонце тоне,
Се губи сончев зрак,
И мрачна сен' се шири,
И тивко паѓа мрак...
Од поле стадо иде,
Се празни полска шир:
(:Наутро сто си беа,
А сега колку се?:)

Рефрен:

О душо моја в темница,
Што си во грев и тежок јад,
Чуј сега Исус вика те:
О дојди ти и спаси се!
О врати се во Татков дом,
При својот вечен Пастир мил!
О ти, не чекај појќе, чуј,
Во јадот тегобен!

2

О Пастир како сака
И сека овца знај,
Со љубов Тој ги брои,
Пред да им одмор дај.
И гледај, една нема!
Тој тогаш појде сам
(:Во мрачна шума страшна,
За да ја најде, знам.:)

3

Тој овде дојде, кај нас,
Кај цари смртна сен',
Од трње и од ѕверој,
Да спаси гробен плен.
Да спаси една овца,
Во смртта појде Тој,
(:Од гробот ја извади,
Во дом ја врати свој.:)

© Оваа песна е заштитена со авторско право.