Тој ден е полн со среќа
1
            О колку јас сум радосен
Штом ден Господен дојде.
Тој ден е в слава овенчан,
И сиот јад ни пројде.
            
        
    Рефрен:
            (:Тој ден е полн со среќа,:)
Што ни носи тој Божји
Збор во наш дом,
Тој ден полн е Божја слава.
            
        
    2
            Во Зборот Божји извор е
Што тече жива вода.
Ни дава храна Исус нам
И лек на срце става.
            
        
    3
            Во домот Божји добро е,
На сите ни е мило.
На земја овде никаде,
Поарно не би било.