v
+

242


---

О, дал го чувам братот свој

1

О дал' го чувам братот свој
Ил' чувам себе сам,
Зар само мен' ме сака Бог
За мене прави сè?
Да не е брат ми паднат
Во грев и смртен јад,
Што жижок мој не свети
И јас не бдеам сам?

Рефрен:

О има л' братска љубов
Да чува братот свој,
Да врши своја должност
И спаси го од зло?
Нек' гори братска љубов,
О љубов Христова.
И тој за брат се смета,
Кој чува го.

2

И дури в нас е завист зла,
Ја нема љубовта,
И напразно се жртвите
И сите дарови...
Знај, само права љубов
Од сите бара Бог,
Сал' тој за брат се смета,
Кој бдеј над братот свој.

3

О теши срца жалосни
И рака дај им ти,
Покажи братска грижа ти,
Оживи надежта.
О дај ни, Боже, сила
И братска љубов дај,
Да гори љубов права
И секој види сјај.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.