v
+

220


---

На работа за Спасот свој

1

Сега Исус гласно праша:
Кој ќе појд' на работа?
Ете дојде време жетва,
Жолто поле чека срп,
С молитва кај Бога сега
Појдете на жетвата,
Одамна о вика Исус,
Дека малку отишле.

Рефрен:

На работа за Спасот свој,
Брзај штом те вика Бог.
Праша: Кој ќе појде в час,
Многу души чекат спас?

2

Гласно сега Исус вика,
Чујте што нè праша нас:
Зошто стоиш без работа,
Кога е за жетва час?
Појди сега в мое поле,
Награда те чека, знај,
Вредно работи до ноќта
Дур' не дојде на труд крај.

3

Гласно сега Исус праша:
Кој ќе појд' на работа?
Лозјето нè Божје чека,
Време е за берење.
Викнати сме сега ние,
Многу души чекаат,
А на крајот свидна плата
Ќе ни даде Исус Спас.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.