1
Штом се дигне јака бура,
И штом ветар стресе сè,
Знам дек' тогаш Божја рака
Чува ме од неволји.
Рефрен:
Тој ме штити, Тој ме штити,
И со него јас сум мирен.
Тој ме штити, Тој ме штити,
Тој ме брани в секој час.
2
Кога душа в маки пати
И го моли Спасот свој,
Знам дек' тогаш Тој ме слуша
И во свој ме води дом.
3
Кога дојде искушење
И во грев ме влече сјај,
Бог ме учи да не паднам
И да најдам пат за рај.
4
Нека бучи јака бура
И со смрт ми запрети,
Јас во Бога имам заклон,
Штит од лути неволји.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...