1
Господ ги гледа својте
И нив ги добро знај,
И големи и мали
На земјиниот шир.
Од видот не ги губи,
И Тој ги води сам,
(:До крајот на тој живот,
Па и во вечноста.:)
2
Бог знае секо срце
Што с вера живее,
И него кој го сака
Во радост и во јад.
О дај ни јака вера
Во тебе, Боже наш,
(:А срцата ги наши
Ко свое знаеш ти.:)
3
Штом денот твој се јави
Те види секој в сјај,
О земи нè нас тогаш,
Ти сите земи нè.
И големи и мали
Од земја води ти
(:Во небото кај тебе,
Во својот блажен дом.:)
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...