Широк е патот
1
Широк е патот за во смрт,
По него одат илјади,
По тесен пат на мудроста
Малцина одат, малцина.
2
Од себе ти се одречи
И тогаш појди по мене,
Крст носи со трпение,
Та' заповед од Бога е.
3
Јас ако одам по него
И да сум негов се решам,
За ништо јас не ја сметам
Славата овде световна.
4
О Боже мили, варди ме
Од патот широк на гревот,
И уште сега готви ме
За слава вечна, небесна.