v
+

327


---

О, Ти, пред којшто е откриено сè

1

О Ти, пред којшто е откриено сè
И овде на земјата и на небо.
Кај тебе јас идам, испитај ме ти,
(:Од грев и од ропство ослободи ме.:)

2

Ти пат да ми бидеш и виделина,
Јас кога се скитам во темнината.
Не ме плаши злобната ѓаволска моќ
(:Сè дури е Христос, о заштитник мој.:)

3

И кога ќе дојдат најмрачните дни,
И бранови силни ме застрашуваат,
Со помош од горе ми помогни ти,
(:О храбри ме тогаш и поткрепи ме.:)

4

Иако е трнлив и стрмен тој пат,
Ти според потребата благодат дај,
Сè дури на солзите не дојде крај
(:Во радосен, мирен и вечен твој рај.:)

© Оваа песна е заштитена со авторско право.