v
+

308


---

Штом си тажен, штом си разочаран

1

Штом си тажен, штом си разочаран,
Кажи на Спасот, кажи на Спасот.
Штом си скршен, штом си обесхрабрен,
Кажи му на Спасот твој.

Рефрен:

Кажи на Спасот, кажи на Спасот,
Најдобар другар е твој.
Како него верен другар немаш,
Кажи му го јадот свој.

2

Кога течат покајнички солзи,
Кажи на Спасот, кажи на Спасот.
Кога патиш за гревојте тајни,
Кажи му на Спасот свој.

3

Плаши ли те темен облак грижи,
Кажи на Спасот, кажи на Спасот.
За иднина кога ти се боиш,
Кажи му на Спасот свој.

4

Кога дојдат смртни мисли мрачни,
Кажи на Спасот, кажи на Спасот.
Кога мислиш на небесно царство
Кажи му на Спасот свој.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.