Спасител пример нам ни остави
1
Спасител пример нам ни остави,
Пред својте верни Тој се понижи,
Со чиста крпа беше опашан,
На сите им ги изми нозете.
2
Кога ти, Христе, тоа го стори,
И пред нас беше толку понижен,
По твојте зборој, Спасе, и ние,
Примерот твој го верно следиме.
3
Понизноста своја ти дај ни ја,
Секој на братот да му служи свој,
Да прости секој, ко што прости ти,
И слични на тебе да сме во сè.
