v
+

262


---

Нека дојдат сите деца

1

“Нека дојдат сите деца
Да им царство свое дам!”
Исус мило деца вика
И кај нив Тој оди сам.

Рефрен:

Нека дојде секо дете
Сега в раце кај него,
Како татко Тој нè сака
И ни спрема рајски дом.

2

И јас кај него ќе појдам,
Ќе ги викнам децата,
Да и тие таму дојдат
Во небесен златен Град.

3

Многу деца не го чуле
Христов позив, милен глас,
Сега јас нив ќе ги викнам,
Знам, и нив ги сака Спас.

4

Сите деца нек' се молат
Да се молат и за нив,
Да ги спаси и одведе
Во свој красен, вечен дом.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.