v
+

253


---

На небо владар Господ е

1

На небо владар Господ е,
И цар на сите ангели,
(:Крај мене ден и ноќ е Тој,
Тој чува секој чекор мој.:)

2

Ги храни Бог и врапците,
Наутро буди птиците,
(:Со цвеќе краси ливади
И сите нас нè негува.:)

3

Од глава влакно не паѓа,
Во тој час Бог да не гледа,
(:И нема тајно место знам,
Кај не ме гледа Господ сам.:)

4

О Татко колку добар си,
Да сторам лошо не дај ми,
(:На ангел јас да личам дај,
Кога ќе дојдам горе в рај.:)

© Оваа песна е заштитена со авторско право.