1
Од небесните висини
Трите ѕвезди праќ'ат зрак,
Светат силно в далечини
Низ земниот ноќен мрак.
С красен сјај, глеј, свети една,
Крепи грешна душа бедна,
И кој ќе ја бара в рој
(:С вера ќе ја најде тој.:)
2
Ако друга ѕвезда бараш,
Барај ја над Голгота,
Таа вечно в слава свети,
Води во небесен дом.
Тоа љубовта е Божја,
Свети мило од висини,
Таа праќа вечен спас,
(:И кон Бог нè води нас.:)
3
Мали деца уште в лулка
Надежта ги грее в сјај,
Таа нив ги води славно,
Нив ги води в Божји крај.
Сега среќни ќе појдеме
Со Христа во живот вечен,
В бура кога паѓа сè,
(:Ѕвезда надеж нè теши.:)
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...