Сеј ти штом светне прв сончев зрак
1
Сеј ти штом светне прв сончев зрак,
Сеј и на пладне во уморот јак.
Сеј и во мрак кога губиш моќ,
Сеј ти и тогаш штом падне ноќ.
Рефрен:
Сеј в зора рано, ти сеј и во ноќ,
Сеј дур' е време за сетва и труд.
И ете скоро е жетвен час,
О иде, иде наш Исус Спас.
Ќе падне семе во трнлив кат,
Негде на камен, ил' негде на пат.
О ти во надеж и вредно сеј,
На плодна земја ќе никне, знај.
2
Сеј дур' е време и сетвен час,
Сеј ти во срца што пиштат од јад.
Сеј добро семе во секој час,
За среќен живот и вечен спас.
3
Збор Божји сејте на секаде,
И не ќе биде напразно тој труд.
Награда има и плата, знај,
Блаженство вечно и вечен рај.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...