v
+

193


---

О, каква среќа кога стасам горе

1

О каква среќа кога стасам горе
И там' го видам небесниот Град,
И од туѓина се вратиме дома
Кај никој не знај за грижи и јад!
И кога потта од росното чело
На прагот рајски ја избришеме,
И кога секој с исполнети желби
Го фрли блажен патничкиот стап.

2

О каква среќа штом пред рајска слава
Во пресрет нам ни дојде Исус Спас,
И звучна песна од ангелски струни
Од крајот убав нè поздрави нас
И штом ќе екне: Алилуја Богу!
Од верни срца красен славопој.
О каква среќа штом видиме Татко
Во она слава вечна, небесна!

3

О каква среќа кога секој најде
Своите мили во тој чуден свет,
И штом се сетат да за навек нема
Разделба тажна, кај ќе нема јад
И кога сиот семир дојде со нас
Со песна да го слави Творецот!
О каква среќа кога ќе се збиде
И по нас дојде Господ наш и Бог!

© Оваа песна е заштитена со авторско право.