v
+

152


---

Олуја и море бучи

1

Олуја и море бучи,
А чамецот пропаѓа.
Зар спас нема од смртта страшна,
Зар сега е крај на сè?
Зар не го гледаш, о Христе,
Нашиот голем јад?
Ете, глеј, чамец во море тоне,
О Христе, помогни ни.

Рефрен:

Тој рече и веднаш се разли мир,
Длабок мир...
И ако беснее надвор сè
И со смрт нè плашат нас ветрови зли,
Во чамецот Христов сме сигурни
И Господ над силите е со нас.
Од него и море има страв,
Бои се, бои се,
Од него и море има страв, слуша го сè.

2

О Спасе, од длабочини
Во стравот те викам свој,
Од море и силна вода
Ме стави на стена ти.
Олуи и стравој тешки
Плашат ме овој час,
Чамец ти земи во свои раце
И мирен ќе бидам јас.

3

О Спасе, ветерот стивна
И морето смири се,
И по небо се раѓаат ѕвезди,
Крај мене те гледам јас.
Немој сам ти да ме пуштиш,
Води ме, Спасе мој.
Води ме, води о Спасе мили,
До залив свој небесен.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.