Со Христа по морето немирно
1
Со Христа по морето немирно,
Брзаме за в Божји дом.
Низ морски браној и низ ветар јак,
Брзаме за в Божји дом.
Уште сме далеку од брегот тој,
Пловиме храбро низ брановите,
Во пристаниште на бура е крај,
Во сакан крај, сакан крај.
2
Бурите беснеат со силна моќ,
Брзаме пак в Божји дом.
Домот Господен нè чека нас, знај,
Брзаме пак в Божји дом.
О ти, Бродару, ојачај надеж,
И шири едра кон Божјиот Град,
На пристаниште во тихиот крај,
Во сакан крај, сакан крај.
3
Небесната лука е близу, знам,
Скоро во дом, вечен дом.
Лесно ги трпиме маките сè,
Знајме дек' близу е дом.
Наш Господ Исус нè избави нас,
Слава да му е за нашиот спас,
Тој ќе ни даде и слава и сјај,
Во сакан крај, сакан крај.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...