1
Канете Го нека дојде
Секој којшто бара спас,
Само овој пат е вечен,
Добар лек за секој јад.
Ваму нека дојде секој,
Којшто пати в гревој зли,
Исус сака да ги спаси,
Тој ги чека да дојдат.
2
Викајте и мали деца
Да го видат Исуса,
Сега за нив баш е време,
Нек во вечен појдат дом.
По прав пат ги води Спасот,
Чува ги од секо зло,
Сите сега нека дојдат
Да ги спаси Господ Бог.
3
Нека дојдат сите сега,
Кои в гревој трпат срам,
Кажете им за Исуса,
Дека ќе ги прими Тој.
Ден по ден си мине време,
Бргу иде ноќен мрак,
Нека сите бргу дојдат,
Ете, гасне заден зрак.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...