v
+

109


---

Сонце зајде, сонце зајде

1

Сонце зајде, сонце зајде,
Тихо паѓа сегде мрак...
Сладок мир се од вис спушта,
Одмор бара слаб и јак.
Уште еден ден си мина,
Мрак е пак над земјата...
Среќни сме и таа вечер,
Близу сме до својот дом.

Рефрен:

Поблизу, поблизу,
Поблизу во Татков дом,
Кон животот, во вечен мир,
Поблизу кон Татков дом.

2

Близу, близу, морнар пее,
Пее в рамна морска шир,
Што и таму гасне сонце,
И тој бара сладок мир.
Верното му срце пее,
Штом ќе мине светол ден,
Поблизу е сека вечер,
Поблизу в небесен дом.

3

Поблизу јас секој ден сум,
Поблизу кон домот мил,
И кај животното дрво,
Близу до тој рајски дом.
В ѕвезди небо трепка цело,
Колку мило сјае сè,
Ние сега поблизу сме,
Поблизу кон Спасот свој.

© Оваа песна е заштитена со авторско право.