Јас копнеам за Татков дом
1
За мојот дом, за мојот Татко чезнам,
За верно срце негово.
Во болот мој и маките ми овде,
Кај долго злото мачи ме.
На светот дојдов јас со безброј желби,
А сега само една в срце лежи:
Да бидам вечно, вечно в домот твој,
Во домот твој, во домот твој.
Рефрен:
Јас копнеам за Татков дом,
Во сакан крај, во домот вечен твој.
Јас копнеам за мили Татков дом,
За домот мој, за домот мој.
2
Во мојот дом, о кога јас ќе дојдам,
Во оној мил и сакан крај.
На ова земја јас сум туѓин само,
А таму имам вечен рај.
О таму знам и птица шири крила,
Во твојот дом, кај еднаш таа била,
Ја гони љубовта кон домот твој,
Кон домот твој, кон домот твој.
3
Кон домот мој, кон него бродот плови,
И поток брза в морска шир.
И децата во мајчините раце
Нејзиниот го држат скут.
Низ бол и јад јас пеев многу песни,
А сега ми в срце само една -
Ја пеам неа јас по патот свој:
За домот мој, за домот мој.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...